Селекцијата на Хрватска се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
По триумфот над Унгарија со 27-25, Хрватите сами си ја завршија работата и ќе се борат за медали, а солзите радосници ги имаше многу.
Капитенот Иван Мартиновиќ се расплака од среќа пред камерите на РТЛ, а новинарката Инес Года Форјан го утеши.
Мартиновиќ направи натчовечки напори, играше повреден но и покрај тоа беше меѓу најдобрите во победата над Унгарија, но јуначко срце по мечот не издржа.
Хрватска ќе се соочи со Германија во полуфиналето на Европското првенство во „Јуске Банк Боксен“ од 17:45 часот.

























