Мандиќ со „дрва и камења“ по организираторот: Каде е тука здравиот разум?!

Давид Мандиќ беше херојот на Хрватска во клучниот дуел со Унгарија, кој заврши со победа од 27:25.

На крилјата на одличниот Мандиќ, хрватската репрезентација го освои првото место во групата и обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство.

По натпреварот, хрватскиот репрезентативец не ја криеше лутината кон Европската ракометна федерација, приклучувајќи се на критиките за напорниот и, според него, нехуман распоред.

„Срамота. Вчера игравме, денес повторно игравме, а утре патуваме скоро пет часа. Каде е тука здравиот разум?! Како може едно големо натпреварување да се организира на ваков начин? Повредите на играчите… Кој ќе ја плати таа цена? Запрашајте се како се работи“, изјави Мандиќ за Нова ТВ.

Хрватите и Исланѓаните утре ги чека пат од Малме за Хернинг, а Данска и Германија ќе имаат повеќе време за одмор пред полуфиналните пресметки.