Селекциите на Германија и Хрватска, покрај Данска и Исланд се последните полуфиналисти на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, откако славеа на пресметките со Франција (38-34) и Унгарија (27-25).
Хрватска со овие два бода е прва на табелата со осум бода, пред Исланд со седум, а Шведска ќе остане на третото место без разлика на исходот од дуелот со Швајцарија што ќе се игра последен во Малме.
Унгарците беа подобри во првиот дел, водеа во повеќе наврати со четири гола, но до паузата момците на Сигрудсон ја преполовија негативата и најавија интересно второ полувреме.
Хрватите притиснаа кон средината на вториот дел, кога минусот од два гола, 20-18, го претворија во предност од два гола, 22-20, по заслуга на голманот Кузмановиќ, а во нападот погодуваа Шоштариќ, Лучин, Мандиќ и Начиновиќ.
Беше плус два за „коцкестите“ на пет минути до крајот, 25-23, но Унгарците не се откажуваа и во три наврати намалуваа наминус еден. Кога Мартиновиќ промаши имаше 180 секунди за играње, но Унгарците не искористија напад за реми.
Сигурдсон го повика последниот тајм-аут, имаше пасивен напад, но Кларица изнуди исклучување на Сипос и нов напад, кој го одбрани Паласич. Унгарците направија пробивање во акцијата за реми, па казни Мандиќ за триумф и пласман во полуфинале.
Имре стрелаше седум пати за Унгарија, додека Шоштариќ, Мандиќ, Кларица и Лучин дадоа по четири гола. Кузмановиќ имаше девет одбрани на хрватскиот гол и беше избран за МВП на мечот.
Германците во дуел на „се или ништо“ со Франција доминираа во најголем дел од мечот и славеа со 38-34. По 7-7 во првите десетина минути, избраниците на Алфред Гисласон направвија серија од четири гола за 11-7, а таквата разлика ја сочуваа до паузата.
Кнор беше одличен и на стартот на вторито дел и Германците отидоа во повеќе наврати и на плус пет, но Французите ја стегнаа одбраната во продолжение, Дебоне беше одличен на голот и полека се топеше негативата.
Во последните десетина минути се влезе со 30-28, Гисласон побара тајм-аут, а го замени Шпет со Волф во финишот. На 31-30, Франција имаше напад за реми, но Волф го одбрани ударот на Турна.
Потоа имаа уште една неискористена прилика, беа казнети за тоа и Германија се врати на плус четири, 36-32, а тоа беше доволно за мирна завршница во последните две минути и победа што ги носи „панцирите“ во полуфиналето. Кнор беше најдобар кај Германија со десет гола, додека Мем даде 11 за Франција.


























