Селекцијата на Исланд се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако славеше против Словенија со убедливи 39-31. Сега Исланд има седум бода на првото место на табелата, Хрватска има шест, а Шведска пет, но има подобар меѓусебен дуел со домаќините и ќе биде најмалку втор во групата. Словенците останаа на четири и тоа ќе значи за нив четврто место во групата.
Најмногу по заслуга на голманот Вујовиќ, Словенците одржува рамнотежа на стартот на првиот дел, но „рибарите“ полека ја преземаа контроала на теренот. Поведоа момците на Снори Гудјонсен со 10-7, а беше и 13-10.
Словенечките ракометари се вратија во егал, 16-16, но направија две грешки пред паузата, кои беа казнети и со голот на Трастарсон во последната секунда, Исланд имаше мал капитал на пауата, 18-16.
Во вториот дел беше видлив заморот кај Словенците, по 19-18, Јанц промаши, Макус направи техничка грешка и Исланд отиде на 23-19 преку брзоногиот Торкелсон. Немаа веќе шанси за камбек момците на Зорман и мораа да се помират со пораз.
Голманот Вујовиќ имаше 13 одбрани на словенечкиот гол, Новак даде девет, а Хоржен седум погодоци, додека кај Исланд, Халгримсон фати осум удари, а кај стрелците се истакнаа Видарсон со осум, како и Магнусон и Рикардсон со по седум гола.
Португалија славеше со 35-27 над Шпанија и ја остави „фуријата“ без можност да се бори за директен пласман на СП 2027. Португалците сега се трети во групата со 5 бодови, но тоа не може да им донесе пласман во полуфиналето, но носи мундијалски билет.
„Хероите“ од морето“ по 5-4 на стартот, направија серија од четири гола за 9-5 и предводени од браќата Кошта ја задржаа разликата до крајот на полувремето кога беше 16-12.
Не му одеше на Гури во првиот дел, но второто полувреме тој почна одлично и даде три гола во португалската мрежа и Шпанија намали на минус три, но немаше шанси за нешто повеќе на овој натпревар и Португалците прославија триумф.
Браќата Кошта дадоа 13 гола, Ареиа имаше шест за португалскиот состав, додека кај Шпанија се истакнаа Гомез и Гури со по шест голови.


























