Шведските ѕвезди разочарани: Срање, ова боли…

Репрезентацијата на Шведска по ремито против Унгарија сериозно си ја искомплицира ситуацијата во групата и повеќе не одлучува сама за својот пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Швеѓаните одиграа 32:32 со Унгарија, а по натпреварот беше очигледно колку загубениот бод тешко им падна на играчите на домаќинот. Разочарувањето не го криеше ниту Оскар Бергендал.

„Разочаран сум, уморен. Веројатно тоа е најточниот опис. Дадовме сè од себе. Имавме проблеми, но имаше и добри моменти. Ова беше изедначен натпревар кој не успеавме да го добиеме“, изјави шведскиот репрезентативец.

На прашањето како ја доживува ситуацијата во која Шведска повеќе нема сè во свои раце кога станува збор за полуфиналето, Бергендал беше брутално искрен. Видливо вознемирен, тој буквално се тресеше пред новинарите.

„С*ање. Не е добро. Не, ова боли. Многу боли.“

Ако утре Исланд и Хрватска ги добијат своите натпревари, тогаш Шведска ќе се бори само за третото место во групата, односно петтото место на ЕП.

Хрватска е прва во групата со шест бода, Исланд е втор со пет, Шведска има исто толку на третото место, додека Словенија е четврта со четири бода.