Селекторот на женската пионерска репрезентација на Македонија, Славиша Димитријески, утринава ги собра ракометарките пред настапот на Медитеранското првенство во Приштина, Косово.
Димитријески смета на 26 ракометарки, од кои ќе ги одбере оние што ќе патуваат за Приштина на 8 февруари.
Ќе се тренира во СЦ „Јане Сандански“ до заминувањето за Приштина, а Медитеранското првенство е на програмата од 9 до 14 февруари.
Македонија е во група Б со Италија, Словачка, Словенија, Хрватска и Грција, додека во групата А се Косово, Турција, Шпанија, Романија, Бугарија и Црна Гора.
Медитеранско првенство, пионерки, распоред на натпревари:
09/02, 15:00, Македонија – Италија
10/02, 16:30, Македонија – Словачка
11/02, 12:00, Словенија – Македонија
12/02, 10:30, Грција – Македонија
13/02, 13:30, Хрватска – Македонија
14/02, натпревар за пласман

























