Левото крило Матје Гребиј и левиот бек Валем Пелека ги продолжија договорите со францускиот шампион ПСЖ. Гребиј ќе остане во Париз и наредната сезона, додека Пелека останува до 2028 година.
Словенечкиот среден бек Миха Зарабец ќе остане во полскиот шампион Висла Плоцк и во наредните две сезони. Тој дојде во Плоцк во 2023 година по шест сезони во Кил, а претходно беше дел од Целје.
Португалскиот тим Бенфика објави дека е продолжена соработката со белорускиот репрезентативец Никита Вајлупов. Тој ќе остане во Лисабон најмалку уште две сезони, односно до 2028 година.
Германскиот интернационалец Ерик Шмит, кој освои титула на ЕП 2016, по заминувањето од грчкиот АЕК Атина се пресели во израелскиот шампионат и ќе игра за Хапоел Ришон Ле Зион.
Српската репрезентативка Јована Рисовиќ го продолжи договорот со словенечкиот првак Крим и за наредната сезона. Голманката го одработува својот втор мандат во Љубљана и ќе остане до 2027 година.