Поранешната македонска репрезентативка Марија Тасевска реши да стави крај на играчката кариера на 25 години.
По 15 години активно играње во Македонија и во странство, Тасевска го остави ракометот и ќе работи во областа на фитнесот.
Таа првите чекори ги направи во Металург, а во странство ги носеше дресовите на српската Јагодина, австрискиот Дорнбирн, грчкиот ПАОК Солун и романската Униреа Слобозиа.
Тасевска со Металург и Јагодина играше и во европските купови, а откако ги мина сите младинските категории, стигна и до сениорската репрезентација на Македонија.
























