Тимот на Рух Калиш каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска запиша важна победа во полскиот шампионат.
Во натпревар од 16. коло Рух Калиш предводен од македонскиот десен бек, по ударите од седум метри славеше кај третопласираниот тим во Полска, Пјотрковија со 37-35.
Во Полска кога мечот ќе заврши реми, мечот мора да има побендик, па се шутираат пенали, а победничкиот гол беше дел на Кипријановска, чиј тим ја доби серијата со 4-2, откако во регуларниот дел беше 33-33.
Кипријановска беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум погодоци во противничката мрежа.
























