Романија 30 години чека победа на ЕП!

Третиот ривал на Македонија на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, селекцијата на Романија го има својот четврти настап на континенталните собири.

По дебито во 1994 во Португалија, играше и 1996 во Шпанија, која ја забележа последната победа и тоа над Унгарија.

На ЕП 1994 ја победиле Франција, а по две години имаат прославено триумф и над Данска.

Потоа чекаше 28 години до нов пласман на ЕП во Германија пред две години, но таму беа забележани три порази, а досега на ЕП 2026 загубија од Португалија и Данска.

Ние се надеваме дека низата на порази ќе ја продолжат и вечерва, и дека Македонија ќе ја оствари зацртаната цел пред настапот во Хернинг.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во „Јуске Банк Боксен“ со почеток од 18:00 часот.