Потврда за квалитетот: Митревски и Тодоровски со ново дерби на ЕП!

Европската ракометна федерација ги објави делегирањата на официјалните лица за натпреварите на 20 јануари, и македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски по одличната арбитража на мечот меѓу Шведска и Холандија, добија втора номинација.

Тие ќе го судат дербито за првото место во групата Ф меѓу Унгарија и Исланд што ќе реши која селекција во главната рунда ќе пренесе два бода.

Македонските судии првпат се на сениорско ЕП, но покажаа дека се дораснати и имаат и квалитет и знаење да ги судат и најтешките натпревари.

Натпреварот меѓу Унгарија и Исланд се игра утре од 20:30 часот во „Малме Арена“ во Малме.