Дисциплинската комисија на ЕХФ донесе одлука во случајот против црногорскиот ракометар Ристо Вујачиќ.
Некогашнот член на Вардар Јуниор и Вардар, доби директен црвен картон во 53 минута од мечот по опасен прекршок над противнички ракометар на мечот меѓу Црна Гора и Фарски Острови.
„По детална анализа на ситуацијата, Дисциплинската комисија оцени дека неговиот потег бил крајно невнимателен и опасен, што претставува сериозно неспортско однесување. Поради тоа, донесена е одлука Ристо Вујачиќ да биде суспендиран за еден натпревар од сите репрезентативни натпреварувања под капата на ЕХФ“, напиша ЕХФ.
Тоа значи дека Вујачиќ ќе го прескокне последниот меч од групната фаза на ЕП против Швајцарија.


























