ДЕНЕСКА НА ЕП: „Лалињата“ ќе ја предизвикаат Хрватска, возбудувања на дуелите во група А

Денеска во центарот на вниманието на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, ќе бидат дуелите од групата А во Хернинг.

Сите четири селекции имаат шанси за прогрес во главната рунда, а Србија сама може да си ја заврши работата со триумф над Австрија. Сите комбинации може да ги прочитате ТУКА.

Во групата Ц, Франција и Норвешка веќе се пласирани во главната рунда, ќе играат вечерва за прво место, додека Чешка и Украина ќе играат за третото место.

Во група Е, Хрватска брка втор триумф и главна рунда на ЕП, а истото може да го стори и Шведска ако ја совлада Грузија во Малме.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

18:00 АВСТРИЈА – СРБИЈА
18:00 ЧЕШКА – УКРАИНА
18:00 ХОЛАНДИЈА – ХРВАТСКА
20:30 ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА
20:30 ГРУЗИЈА – ШВЕДСКА
20:30 ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА