„Македонија ни направи многу проблеми, разочарани сме“

Македонија одигра реми со Португалија, 29-29, иако губеше со пет гола во вториот дел од силните „херои од морето“.

Селекторот Пауло Переира, кој имаше приговори во текот на целиот меч за делењето на арбитражата на крајот мораше да се помири.

„Имавме момент кога водевме со пет гола разлика, но не успеавме да ја задржиме таа предност. Тоа значи дека изгубивме дел од ритамот на играта. Но таков е животот. Ќе чекаме до последниот момент и ќе се бориме до крај, како и секогаш“, изјави Переира.

Сега Португалија ќе се соочи со Данска.

„Ќе биде тежок меч, но ќе се подготвиме на ист начин. Ќе се обидеме да постигнеме што е можно повеќе голови и да извлечеме нешто од натпреварот. Немаме толку голема разлика со нив, ќе се бориме и ќе видиме што ќе се случи“, заврши селекторот на Португалија.

Пивотот Виктор Итуриза вели дека приммиле многу лесни голови и разочарани се бидејќи очекувале победа.

„Изгубивме еден многу важен бод. Не одигравме одлично, особено во второто полувреме кога нападот не функционираше доволно добро. Ремизиравме натпревар што требаше да го добиеме. Сега мора да ја победиме Данска за да обезбедиме пласман во главната рунда. Македонците се бореа до крај, а нивниот голман (Мартин Томовски) направи неколку фантастични одбрани. Денес разликата беше на голманската позиција. Примивме премногу лесни голови и сме разочарани затоа што требаше да победиме. Нападот беше нашиот проблем денес. Нашата реализација беше значително послаба од вообичаено – немавме добар ден во напад“, изјави Итуриза.

Средниот бек Руи Силва вели дека малите детали одлучиле овој натпревар да заврши реми.

„Од самиот почеток знаевме дека Северна Македонија ќе ни создаде многу проблеми – и тоа се случи. Во почетокот на второто полувреме тргнавме добро, но потоа повторно паднавме и им дозволивме да се вратат во игра. На крајот, малите детали одлучуваат вакви натпревари. Разочарани сме затоа што сакавме победа“, заврши Силва.