Македонија ремизира со Португалија, 29-29, и го продолжи сонот за главната рунда за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Средниот бек Игор Ѓорѓиев имаше своја улога на теренот и даде придонес, потенцира дека вербата и желбата беа клучни.
„Долг период се подготвувме за овој натпревар и мислам дека одигравме така како што се договориме со мали исклучоци, иако имавме хендикеп со повредите на двете леви крила. Португалија е одлична селекција, лани стигна до полуфинале на СП, но и ние покажавме квалитет и дека напредуваме од ден во ден. Вербата и желбата да гинеме еден за друг за позитивен резултат, тоа беше клучно. Нема да калкулираме ништо, ни останува еден ден да одмориме, а потоа со позитивни мисли до позитвен резултат против Романија“, изјави Ѓорѓиев.
Македонија ќе игра со Романија на 20 јануари од 18:00 часот, додека од 20:30 часот ќе се соочат Данска и Португалија.

























