Томовски: Бевме сплотени кога беше најтешко

Мартин Томовски бранеше во второто полувреме на мечот со Португалија и беше спасителот со двете одбрани во последната минута.

Чуварот на мрежата најпрво му одбрани шут на Мартим Кошта, потоа и на Леонел Фернандеш, но топката остана во послед на ривалот, кој за среќа немаше време за реализација.

„Машка игра до последната секунда, сите имаме свои улоги, така и јас. Сите дишеме како едно, тоа е најважно. Верувавме, бевме сплотени кога беше најтешкко се држевме заедно иако мислам дека можевме и многу подобро. Најбитно е што покажавме една големина со која треба да се гордееме“, изјави Томовски.

Македонија сега ја очекува натпревар со Романија на 20 јануари од 18:00 часот од кој во голема мера ќе зависи дали ќе останеме во игра за главната рунда, но потоа ќе зависиме и од резултатот на дуелот меѓу Данска и Португалија.