Македонија одигра реми со Португалија, 29-29, и остана во игра за место во ТОП 12 на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Капитенот Филип Кузмановски беше МВП на мечот и со 15 погодоци креаторот на камбекот во второто полувреме.
„Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за Македонија. Денес денот беше посебен, сите сакаа, покажаа срце, имаа крв во очите. Игравме со срце, душа и глава за Македонија, сега одиме понатаму, ако го повториме овој меч со Романците, верувам дека може да победиме. Мора да влеземе во тој дуел со ладни глави. Сега е тешко да се прават математики, не знам каква е табелата, но наше е да одиграме исто – 60 минут машки и се надеваме на победа“, изјави Кузмановски.
Македонија ќе го игра следниот меч на ЕП против Романија во вторник од 18:00 часот.


























