Македонија ја очекува настапот на осмото ЕП по ред, а вкупно деветто во историјата на машкиот репрезентативен ракомет.
Приказната што почна во Италија во 1998, продолжи во Србија во 2012, а трае до денеска и до ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.
Кирил Лазаров, кој сега е во селекторска улога, досега постигна 182 погодоци, а втор на листата на стрелци е Дејан Манасков со 95, но тој иако е активен на терените, не игра за националниот тим.
Стојанче Стоилов во досегашните настапи даде 83 гола, Филип Миркуловски има 62, а Гоце Георгиевски постигна 49 погодоци.
Дали некој од актуелните репрезентативци ќе успее да ги престигне петте легенди на ЕП 2026, останува да видиме.
ТОП 5 ракометари со најмногу голови на ЕП:
Кирил Лазаров 182
Дејан Манасков 95
Стојанче Стоилов 83
Филип Миркуловски 62
Гоце Георгиевски 49

























