Шок во последен час – Унгарија без Банхиди на ЕП!

Кружниот напаѓач на Унгарија, Бенце Банхиди, нема да игра на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Поради повреда на коленото, селекторот Чема Родригез, нема да смета на еден од најдобрите поединци.

Тој ќе мора да се потпре на услугите на Миклош Рошта, Адријан Сипос и Тамаш Пап на пивотменската позиција.

Унгарија е во група со Италија, Полска и Исланд.