Германската ракометна федерација ги објави премиите за евентуалните освоени медали на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Потенцијалното освојување на титулата на 1 февруари, би им донело на бундес ѕвездите 600.000 евра.
Пласман во финалето се вреднува со 430.000 евра, бронзата носи 300.000 евра, а пласманот во полуфиналето – 180.000 евра, додека петто место гарантира 100.000 евра.
Прво место во групата во која Германија е со Австрија, Шпанија и Србија ќе биде наградено 50.000 евра, а доколку учинокот е максимален со три победи на три меча ќе има бонус од 75.000 евра.
























