Македонската репрезентација е во Хернинг, каде што ги одработува последните тренинзи пред стартот на Европсккото првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Левото крило Петар Атанасијевиќ вели дека силата на Македонија е во тимскиот дух и во вербата еден во друг.
„Се чувствуваме добро. Во Швајцарија одигравме добар турнир, одигравме против Украина, Бахреин и Швајцарија. Особено беше добар дуелот со домаќинот, одигравме брзо и знаеме дека можеме да исполниме се во што веруваме. Силата на оваа Македонија е тимската работа и вербата еден во друг. Во македонското првенство играме меѓусебе многу често, па тоа е добро и за националниот тим. Добро се познаваме и знаеме како другиот размислува. Што се однесува до натпреварите, едвај го чекам дуелот со Португалија. Мислам дека против нив имаме шанса, да докажеме што знаеме“, изјави Атанасијевиќ.
Македонија го стартува ЕП со дуел против домаќинот Данска на 16 јануари од 20:30 часот.























