Maлер до малер: Словенија остана без Клемен Ферлин за ЕП!

Продолжуваат проблемите за селекторот на Словенија, Урош Зорман, пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Зорман и Словенија остануваат без првиот голман Клемен Ферлин, кој има повреда на ногата и ќе го пропушти ЕП.

Претходно Словенија остана без Алекс Влах, Миха Зарабец, Блаж Благотиншек, Нејц Цехте, Митја Јанц, Јака Малус, Матиц Грошељ, Тадеј Кљун…поради разни причини.

Една позитивна вест е тоа што левиот бек Борут Мачковшек иако не требаше да игра на ЕП, го прифати повикот на Зорман и ќе настапи на континенталниот собир.

Словенија ќе игра против Црна Гора, Швајцарија и Фарски Острови.