Натпреварот меѓу селекциите на Естонија и Кипар, кој требаше да се одигра денеска во Полва, во рамки на претквалификациите за Европското првенство 2028 година е откажан.
Причина за ваквата одлука е сериозна сообраќајна несреќа во која учествувала кипарската репрезентација. Експедицијата на Кипар вчера рано наутро доживеала автобуска несреќа на пат од Талин кон Полва, поради тешки временски услови.
Двајца членови на кипарската делегација биле пренесени во Клиничкиот центар во Тарту, додека останатите со друг автобус продолжиле кон Полва, каде што биле однесени во локалната болница на дополнителни лекарски прегледи. Утрово било јасно дека кипарската селекција не е во состојба да го одигра натпреварот.
По заедничка одлука на ЕХФ и Ракометната федерација на Кипар, реванш натпреварот од претквалификациите за ЕП 2028 нема да се одигра. Во моментов, приоритет е безбедното и здраво враќање на кипарската делегација дома, додека спортскиот аспект е ставен во втор план.
Конечната одлука за судбината на натпреварот ќе ја донесе Европската ракометна федерација, а се чини дека Естонија ќе го добие мечот со службени 10-0, а со победата во првиот меч во Никозија со 31-27, Естонците ќе обезбедат место во квалификациите за ЕП 2028.
























