Машката репрезентација на Македонија си замина од Винтертур со освоено второ место на престижниот „Жолт Куп“, а денеска преку Цирих, Франкфурт и Билунд треба да пристигне во Силкеборг.
За вечерва селекторот Лазаров закажа тренинг од 18:00 часот.
Овој дански град ќе биде базата на македонската репрезентација од денеска до 13 јануари, кога ќе се патува за Хернинг.
Таму со локалниот дански прволигаш Митјиланд ќе биде одигран последниот пријателски натпревар од 19:00 часот.
Тоа ќе биде последна проверка пред стартот на Европското првенство што за Македонија ќе стартува со дуел против Данска на 16 јануари од 20:30 часот.























