Седлоска и Локомотива со херојски подвиг во ЛЕ, прва победа за Будуќност во ЛШ

Тимот на Локомотива Загреб каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, со победа ја започна сезоната во Лигата на Европа.

Иако поради снежното невреме и одложените летови, стигнаа на неколку часа пред мечот, сепак Седлоска и колешките славеа на гостувањето кај Олденбург со 27-24.

Голманката Теа Пијевиќ беше јунак на мечот и запиша 15 интервенции, додека Седлоска даде два гола во противничката мрежа.

Ниту 16 голови на Јохана Рајхарт не беа доволни за Турингер, па германскиот тим загуби на гости кај Мошонмаѓаровар на Драган Аџиќ со 36-34.

На гостински победи се радуваа француските Шамбре Турен и Дижон, а на домашните триумфи се радуваа данските Никобинг и Виборг.

Од романските екипи Баја Маре славеше кај Ларвик, додека Рапид Букурешт без Сара Ристовска ремизираше со норвешкиот Тертнес.

Лига на Европа, 1 коло, резултати:

група А
Мошонмаѓаровар – Турингер 36-34
Ларвик – Баја Маре 26-28

група Б
Бломберг – Шамбре Турен 25-26
Никобинг – Естергом 34-32

група Ц
Рапид Букурешт – Тертнес 32-32
Олденбург – Локомотива Загреб 24-27

група Д
Корона Брашов – Дижон 30-35
Виборг – Заглебје Лубин 42-38

Во Лигата на шампионите, Подравка иако водеше со четири гола на крајот загуби од Брест Бретањ со миминален резултат и го доживеа шестиот пораз по ред.

Словенечкиот Крим не успеа да го победи норвешкиот аутсајдер Сола, а прва сезонска победа запиша црногорскиот првак Будуќност, со која се врати во битка за осминафиналето.

Европскиот шампион Ѓер го победи на гости Мец, додека ЧСМ Букурешт се врати со триумф од Данска.

Лига на шампиони, 9 коло, резултати:

група А
Мец – Ѓер 24-27
Глорија Бистрица – Будуќност 34-38
Дебрецин – Сторхамар 26-24
Борусија Дортмунд – Есбјерг 24-31

група Б
Подравка – Брест Бретањ 30-31
Крим – Сола 22-22
Оденсе – ЧСМ Букурешт 24-33
Икаст – Ференцварош 27-28