Кузмановски можеше да „грабне“ уште едно признание – еве зошто не го освои!

Македонскиот капитен Филип Кузмановски беше избран за најкорисен играч на „Жолтиот Куп“ во Винтертур.

Против Бахреин, Украина и Швајцарија, Кузмановски покажа одлична игра и заслужено стана МВП на силниот турнир.

Кузмановски имаше 17 погодоци на трите меча – девет со Бахреин, седум со Украина и еден со Швајцарија.

Исто толку голови имаше и левиот бек на Украина, Игор Турченко, но признание за најдобар стрелец отиде во рацете на Украинецот.

Според регулативите на турнирот, доколку двајца ракометари имаат ист број на голови, подобар е оној што има помалку голови од пенал.

Турченко сите 17 голови ги постигна од игра, додека Кузмановски 4 од 17 даде од пенал, па затоа најдобар стрелец беше украинскиот репрезентативец.