Два од трите противника на Македонија на Европското првенство денеска ги одиграа последните пријателски натпревари пред континенталниот собир.
Романците одиграа пријателски дуел со Унгарија и по вчерашниот пораз од десет гола, загубија вторпат со 40-36, но оваа средба беше од затворен тип, па нема листа на стрелци.
Данска беше убедлива против Грција за која членот на Охрид, Николас Лиапис даде три гола. Во составот на домаќините играа сите ракометари, а дебитантите Фредерик Бо Андерсен и Мадс Сване беа меѓу најдобрите стрелци.
Победи на пријателските средби запишаа Финска, Украина, Норвешка, Египет и Шпанија, а на дуелот меѓу Полска и Србија што се играше зад затворени врати настапија дури седуммина ракометари од македонската Супер лига.
За Полска играа Валах, Јанковски, Марчињак (1 гол) и Видомски (3 гола), додека во српскиот состав, Раул Гонзалез сметаше на Митровиќ (3 гола), Борзаш (2 гола) и Ѓукиќ (1 гол).
Пријателски натпревари, резултати:
Литванија – Финска 23-34
Унгарија – Романија 40-36
Полска – Србија 33-32
Данска – Грција 38-24
Бахреин – Украина 31-33
Холандија – Норвешка 30-33
Египет – Иран 43-24
Швајцарија – Македонија 28-28
Шпанија – Тунис 37-28

























