Иако Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, требаше да биде историско на кое Македонија ќе има два судиска пара, сепак тоа не е случај.
ЕХФ реши да ги повлече од списокот Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, па Македонија ќе остане со еден пар – Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Европската куќа на ракометот во своето соопштение ги обвини македонските судии дека нивните физички тестови биле манипулирани.
Европското првенство стартува на 15 јануари и ќе се игра во Хернинг, Малме, Кристијанштад и Осло.

























