Иако беше дополнително повикан по повредата на Леон Љевар, левиот бек на Охрид, Анте Иванковиќ, отпадна од комбинација за настап на ЕП.
Селекторот Дагур Сигрудсон го објави конечниот список за континенталниот собир, на кој ќе носи 20 ракометари.
Од оние 22 што беа на подготовките, на ЕП покрај Иванковиќ, нема да патува ниту десниот бек Патрик Мартиновиќ.
Хрватите ја победија Македонија на пријалтески меч со 26-23, загубија од Германија со 32-29, а задутре ги чека уште една проверка со „панцирите“.
Момците на Сигурдсон се во група со Шведска, Грузија и Холандија.



























