Кипријановска и Арсениевска обезбедија четвртфинале во Купот на Полска

Тимовите на Кошалин на Ивана Арсениевска и Рух Калиш на Јована Кипријановска обезбедија место во четвртфиналето на Купот на Полска.

Во рамките на осминафиналето, Кошалин на Арсениевска славеше на гостински терен кај Радом со 34-31.

Арсениевска беше стрелец на три погодоци во мрежата на противникот и имаше удел во пласманот во ТОП 8.

Кипријановска втор натпревар по ред беше најдобар стрелец во составот на Рух Калиш и најзаслужна за пласманот во четвртфиналето.

Рух Калиш победи на гостински терен кај Самбор со 36-25, а македонската репрезентативка даде шест гола за победникот.