Еве ги ТОП 10 стрелци во историјата на ЕП – има и двајца тренери од македонската лига!

Европските првенства во ракомет со децении ги истакнуваат и најдобрите голгетери на континентот, а меѓу нивното друштво се наоѓа и еден Македонец – Кирил Лазаров. Актуелниот селектор на Македонија е дел од елитната листа на најдобри стрелци во историјата на Европските првенства, рамо до рамо со некои од најголемите имиња што некогаш играле на ова натпреварување.

На листата е исто така и Иван Чупиќ, кој е актуелен тренер на Вардар, а исто така беше дел од златната генерација на „црвено-црните“ кои трипати играа на Ф4 во Келн и двапати беа европски прваци. Тој како дел од репрезентацијата на Хрватска е нејзин најдобар стрелец и има четири медали од ЕП.

Лазаров со своите голови остави длабока трага на Европските првенства и се наоѓа меѓу најдобрите десет стрелци на сите времиња. Неговиот учинок е уште поголем ако се земе предвид континуитетот и фактот дека со години беше главната напаѓачка сила на македонската репрезентација, често носејќи ја на своите плеќи против европските велесили.

На врвот на листата се наоѓа Данецот Микел Хансен, кој е апсолутен рекордер по број на постигнати голови на Европските првенства. Веднаш зад него е Французинот Никола Карабатиќ, додека третото место му припаѓа на исландската легенда Гудјон Валур Сигурдсон. Овие имиња со години доминираа на европската сцена и поставија стандарди кои тешко се достигнуваат.

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ИСТОРИЈАТА НА EП

1  Микел Хансен (Данска) – 296 гола
2  Никола Карабатиќ (Франција) – 295 гола
3  Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) – 288 гола
4  Штефан Ловгрен (Шведска)- 203 гола
5  Сандер Сагосен (Норвешка) – 190 гола
6  Иван Чупиќ (Хрватска) – 188 гола
7  Ларс Кристијансен (Данска) – 188 гола
8  Лук Абало (Франција) – 185 гола
9  Олафур Стефансон (Исланд) – 183 гола
10  Кирил Лазаров (Македонија) – 182 гола