Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска на пладне ќе го одигра вториот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора.
По вчерашниот убедлив триумф со 36-21, денеска момците на Горан Кузманоски ќе имаат уште една можност за победнички да продолжат во 2026 година.
Македонија и Црна Гора се учесници на кадетското ЕП што ќе се игра во Србија во август годинава, а овие средби се дел од подготовките.
Покрај кадетскиот дуел на Македонија и Црна Гора, денеска на програмата има и пријателски средби пред ЕП во Данска, Шведска и Норвешка.
Еден од ривалите на Македонија во групната фаза, Португалија, ќе се сретне со Бахреин, додека Шведска ќе игра со Бразил.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:10 ШВЕДСКА – БРАЗИЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:30 ПОРТУГАЛИЈА – БАХРЕИН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

























