Репрезентативниот чувар на мрежата на Португалија, Густаво Капдевил, на лето ќе си замине со Бенфика и ќе се пресели во Скандинавија. Тој се договори за трансфер во данскиот Холстебро.
Левиот бек на бразилската репрезентација, Кели Роса, заминува од Дунајварош поради финансиските проблеми и кариерата ќе ја продолжи во германскиот тим Турингер.
Српскиот репрезентативен кружен напаѓач Марко Јевтиќ ќе остане во некогашниот европски првак Бидасоа Ирун. Шпанскиот состав објави дека е продолжена соработката со Јевтиќ до 2028 година.
Тимот на Рапид Букурешт, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, го продолжи договорот со левиот бек Џаз Шамбертен и за наредната сезона, отако Французинката остави добар впечаток по доаѓањето од Мец.
Словенечкиот репрезентативец Домен Новак го продолжи договорот на уште пет сезони со бундеслигашот Фленсбург. Тој дојде во 2024 година од Вецлар и оставви одличен впечаток што беше доволно за нова соработка до 2031 година.