На 31 декември замина од Еурофарм Пелистер, на 1 јануари потпиша за нов клуб

Кружниот напаѓач Калед Валид по само една полусезона си замина од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и веќе има нов клуб.

Египетскиот репрезентативец по настапите во Истанбул за Бешикташ и во Битола за Еурофарм Пелистер, реши да се врати во татковината.

Тој потпиша договор на три и пол сезони со составот на Ал Ахли и ќе остане во овој клуб најмалку до 2029 година.

Ал Ахли е предводен од некогашниот стратег на Вардар и екс селектор на Египет, Давид Дејвис.