НАЈ НАЈ НАЈ…ФОТОГРАФИЈА: Славјето на капитенот на Еурофарм Пелистер среде Скопје

Со титулата во 2025 година, македонскиот првак Еурофарм Пелистер врза три последователни титули во Супер лигата, испишувајќи ново златно поглавје и поставувајќи високи стандарди за идните генерации.

Ова беше вкупно деветта титула за битолчани, а славјето беше уште поголемо ако се знае дека беше освоена на теренот на најлутиот ривал среде Скопје.

Пелистерци иако практично отпишани во мечот во кој на Вардар му одговараше и реми, успеаја да го освојат Скопје и да слават со 32-30 во натпревар што ја одбележа сезоната.

Славјето на капитенот Филип Кузмановски со „Чкембари“ беше овековечено од страна на нашиот фоторепортер Кочо Сотировски и оваа фотографија ја прогласуваме за „фотографија на годината“.