ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Келце купи белоруски талент, Киркелоке се враќа дома, Томори замина од Ференцварош

  • Полскиот шампион Келце го ангажираше еден од најголемите белоруски таленти, Кирил Рабчински. 21-годишниот лев бек на СКА Минск ќе се пресели во Келце во 2026 година и ќе остане најмалку до 2030 во Полска.
  • Данскиот репрезентативен десен бек Никлас Киркелоке, во летото 2027 година ќе се врати во татковината и ќе го напушти Фленсбург. Тој потпиша договор на три сезони со Фредериција и ќе остане таму до 2030 година.
  • Легендарната унгарска репрезентативка Жужана Томори го раскина договорот со вицепрвакот Ференцварош, откако не добиваше минутажа во оваа полусезона. Таа претходно играше за Ѓер, Кристијансанд, Шиофок…
  • Српскиот шампион Партизан го донесе репрезентативец Аљоша Дамјановиќ од Металопластика Шабац пред пролетниот дел од сезоната. Иако беше планиран трансфер на лето, сепак тимот од Шабац го ослободи средниот бек со оштета.
  • Поранешната хрватска репрезентативка Ивана Капитановиќ по четири сезони во романскиот шампионат и настапите за Рапид Букурешт и Глорија Бистрица, во оваа сезона ќе ги брани боите на италијанскиот Ериче.