Екс кадетски репрезентативец на Македонија замина од Младост Богданци

Некогашниот кадетски и младински репрезентативец Антонио Николоски не е повеќе дел од прволигашот Младост Богданци.

Левиот бек, кој располага и со одлични дефанзивни карактеристики, и лидерот во Првата лига, решија дека нема да ја продолжат соработката и ќе тргнат на различни страни.

Николоски беше дел од кадетската репрезентација на Македонија на две големи натпреварувања – на ЕХФ шампионатот во Летонија во 2022 година и на СП во Хрватска во 2023 година.

Младост Богданци е неговиот матичен клуб, а каде ќе ја продолжи кариерата, ќе биде познато наскоро.

Тимот од Богданци е лидер на табелата во прволигашката конкуренција и не би требало да има проблеми во обезбедувањето на местото што води во елитното друштво од наредната сезона.