Ракометарите на Кадетен Шафхаузен им обезбедија новогодишен подарок за навивачите, откако го освоија трофејот во Купот на Швајцарија.
Избраниците на Хрвоје Хорват во финалето на завршниот турнир славеа против Фади Винтертур со 29-26.
На полувремето, швајцарскиот шампион водеше со 14-11, а во вториот дел само ја задржа разликата и славењето можеше да почне.
Oва е 11 трофеј за тимот од Шафхаузен во ова натпреварување, а бронзата ја освои Сент Гален по триумфот над Берн Мури.


























