Куманово „раскина“ со уште еден странец – заминаа и двајца Македонци

Тимот на Куманово во продолжение на сезоната нема да смета на уште еден од странските ракометари.

Српскиот лев бек Огњен Радојичиќ не е повеќе член на кумановскиот тим и нема да игра во пролетниот дел од сезоната во битката за опстанок.

Покрај Радојичиќ, Куманово се раздели со уште двајца македонски ракометари – голманот Христијан Михајловски и кружниот напаѓач Стефан Лазаревски.

Претходно Куманово се откажа од услугите на десниот бек од Бразил, Гиљерме Фернандеш и средниот бек Лука Матачиќ.

Ново име во редовите на Куманово ќе биде левиот бек Олег Јорданов, а во клубот засега остануваат бразилскиот десен бек Гуедеш и голманот Мартинез.