Македонските репрезентативци се враќаат на обврските по двата дена одмор и прославата на Нова Година.
На првиот тренинг во новата 2026 година, Македонија ќе биде комплетна бидејќи ќе се приклучи голманот Мартин Томовски, кој имаше клупски обврски.
По пет дена тренинзи во Скопје, експедицијата заминува за Винтертур на 7 јануари, каде од 8 до 10 јануари ќе биде дел од „Жолтиот Куп“ и ќе игра против Бахреин, Украина и Швајцарија.
Потоа следува пат за Хернинг, а првиот натпревар на ЕП го играме против домаќинот Данска на 16 јануари.
























