Барса го губи Мем, но ќе задржи еден од „староседелците“

Шпанскиот првак Барселона во летото 2027 ќе остане без францускиот десен бек Дика Мем, но ќе задржи еден од ракометарите со најдолг стаж во клубот.

Според „Мундо Депортиво“, левиот бек Тимотеј Н’гесан, ќе го продолжи својот договор со каталонците до 2029 година.

Францускиот репрезентативец ја одработува десеттата сезона во Барса, а ако го комплетира новиот договор ќе остане 13 сезони во „Блауграна“.

На лето Барса останува без Домен Макуц и Емил Нилсен, но тие ќе бидат заменети со Јанус Дади Смарасон и Сергеј Ернандез.