Хрватите ги избраа најдобрите за 2025 – Кузмановиќ, Бешен, Сигурдсон…

Хрватската федерација и „Спортске Новости“ по 32 пат ги избраа најдобрите во ракометот за 2025 година.

За најдобар ракометар е прогласен голманот на Гумерсбах, Доминик Кузмановиќ, додека најдобра ракометарка е голманката на Подравка, Луција Бешен.

Рекордерка кај дамите со девет признанија во кариерата е некогашната вардарка Андреа Пенезиќ Кобетиќ, додека кај мажите шест пати најдобар досега беше Домагој Дувњак.

За најдобар тренер за 2025 година беше избран актуелниот селектор на Хрватска, Дагур Сигурдсон, кој им го донесе светското сребро.