- Португалскиот стратег Роландо Фреиташ е нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Своевремено беше предводник на Португалија пет години, а ја водеше и селекцијата на Јужна Кореја.
- Левиот бек Владислав Кулеш ќе ги брани боите на германскиот Мелсунген најмалку до крајот на оваа сезона. Роберто Гарсија Парондо беше задоволен од неговите игри и реши соработката да продолжи до лето.
- Средниот бек на данската репрезентација и на Ебјерг, Михаела Мелер, од наредната сезона ќе има нов предизвик. Таа се сели во унгарскиот Ференцварош, каде тренер е некогашниот селектор на Данска, Јеспер Јенсен.
- Норвешката репрезентативка Ливе Рушфелт Дејла, која одигра одлично на Мундијалот во Германија и Холандија, потпиша нова соработка со Есбјерг, па средниот бек ќе остане најмалку во овој клуб до 2028 година.
- Три ракометарки од Глорија Бистрица – голманката Рената Аруда, бекот Бјанка Базалиу и крилото Ева Керекеш, во пакет ќе се преселат во Корона Брашов, која од идното лето ќе ја води норвешкиот стратег Бент Дал.
























