Четворица Македонци го направија вториот чекор кон добивањето на највисоката тренерска лиценца – Мастер Коуч.
Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров, како и Бојан Спасовски, Дејан Коцев и Мики Панев успешно го завршија вториот Модул на шестиот национален Мастер коуч семинар во Србија.
Доколку успешно ги завршат и третиот Модул, ќе можат да го бранат својот труд пред стручна комисија за да ја стекнат Мастер Коуч лиценцата во 2026 година.
Во оваа група првиот Модул го заврши и легендарниот Стојанче Стоилов, но тој сега имаше репрезентативни обврски со Македонија и не беше дел од предавањата на вториот Модул.
Македонското друштво на тренери со Мастер Коуч лиценца е големо – Билјана Црвенкоска, Владимир Глигоров, Раде Стојановиќ, Ице Соколески, Томе Петрески, Зоран Петковски, Никола Матлиески, Кирил Лазаров, Адријано Котевски и уште многу други…

























