Некогаш големата надеж на рускиот ракомет, Дмитри Санталов, се раздели со тимот на ЦСКА Москва.
Левиот бек што своевремено имаше потпишано за Вардар, но не се пресели во Скопје, летово се пресели во руската престолнина.
Минатата сезона во дресот на Чеховски Медведи скина лигаменти и не играше во вториот дел до сезоната, а не заигра ниту во есенскиот дел за новиот клуб.
Санталов покрај за Чеховски Медведи, во кариерата играше и за белорускиот тим Мешков Брест.

























