Во Битола доаѓаат Каменица, Манасков, Новокмет…

По повод 70 години од постоењето на шампионот Еурофарм Пелистер во Битола претстојниот викенд ќе има спектаткл.

Доаѓаат многу поранешни членови на пелистерци – Пепи Манасков, Касим Каменица, Душан Новокмет, како и Абдула Јусуфовски, Златко Димитровски…

Свечена академија, музичка програма и спектакуларниот ревијален натпревар на ветераните на битолскиот тим.

Настанот е закажан за сабота, 27 декември со почеток во 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.