МЛАДИНЦИ: Еурофарм Пелистер 2 со цел плен од Куманово – како лидер оди на зимска пауза

Лидерот на табелата во младинската машка лига, Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостински терен кај Куманово со 35-27 и ќе презими на првото место.

Александар Славков беше најдобар стрелец со девет гола, а по осум дадоа Алдин Фехми и Андреј Дамчевски, додека за Куманово, Тино Стојановски беше стрелец на 14 погодоци.

Еурофарм Пелистер беше подобар на гостински терен од големиот ривал Вардар со 30-25, а Андреј Георгиев со 12 погодоци беше предводник на битолчани.

Бутел Скопје се проби во ТОП 4 по серијата од три победи, а последната беше на гостински терен кај Вардар Неготино со 43-29.

Најдобри кај победникот беа Давид Јаневски со 12 голови и Стефан Зенговски со седум, а Јован Јовановски со 12 беше најефикасен кај неготинци.

Младинци, 14. коло, резултати:

Тиквеш – Алкалоид 40-43
Вардар – Еурофарм Пелистер 25-30
Вардар Неготино – Бутел Скопје 29-43
Пролет – Мулти Есенс 31-33
Куманово – Еурофарм Пелистер 2 27-35

Taбела: 1. Еурофарм Пелистер 2 26, 2. Мулти Есенс 26, 3. Пролет 18, 4. Бутел Скопје 16, 5. Алкалоид 16, 6. Куманово 14…