Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 18 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид, како и по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Куманово и „сино-белите“ од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 18. коло, резултати:
ПРИЛЕП – ВАРДАР 25-31 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 28-33 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – СТРУГА 32-19 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 29-21 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ОХРИД 14-37 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 18. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Сеид Хеидарирад (Еурофарм Пелистер) – Битолската „нинџа“ имаше 12 одбрани на мечот со Тиквеш.
Лево крило: Никола Ристески (Охрид) – Левото крило беше меѓу најдобрите на мечот со Радовиш.
Лев бек: Мохамед Азиз (Еурофарм Пелистер 2) – Тунискиот интернационалец беше најдобар на мечот со Пролет.
Среден бек: Марко Митев (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец полека ја враќа препознатливата форма и беше меѓу најдобрите против Бутел Скопје.
Десен бек: Никола Шипинкоски (Охрид) – Младиот охриѓанец беше меѓу најдобрите на мечот со радовишани.
Десно крило: Александар Стојков (Куманово) – Десното крило ја продолжи одличната форма и на мечот со неговиот поранешен клуб.
Пивот: Виктор Јанковски (Вардар) – Кружниот напаѓач на вардарци беше меѓу најдобрите поединци против Прилеп.
























