ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид на гости кај Радовиш, Куманово и Струга на важен двобој

Денеска ќе се одиграат две средби од последното 18 коло во Супер машката лига за оваа 2025 година.

Охриѓани сакаат со победа да ја комплетираат најуспешната полусезона во историјата, а за тоа ќе имаат убава шанса бидејќи гостуваат кај последнопласираниот Радовиш.

Куманово и Струга ќе имаат двобој во битката за опстанок во елитата, кој напролет може да се покаже многу важен, па затоа влогот е голем.

Во Купот на Германија ќе има две интересни средби од четвртфиналето, каде меѓусебе ќе играат најдобрите четири екипи.

Дерби ќе има и во Франција, каде Нант ќе го пречека ПСЖ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 РАДОВИШ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КУМАНОВО – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ФУКСЕ БЕРЛИН – КИЛ (ГЕРМАНИЈА)
19:30 МАГДЕБУРГ – ФЛЕНСБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
20:30 НАНТ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)