Со натпреварот меѓу Бутел Скопје и Тиквеш во Кавадарци се комплетираше 12 коло во младинската машка лига.
Бутелци славеа на гости во Кавадарци со 36-33 и практично го обезбедија местото во ТОП 6 и плеј-офот. Предводници во тимот на Стефан Стојановски беа Марко Каевски со девет и Давид Јаневски со осум погодоци.
Лидерот Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостински терен кај Вардар. Алдин Фехми со пет, како и Лука Ѓорѓиевски и Иван Велески со по четири гола, беа меѓу лидерите во триумфот во Скопје.
Куманово немаше проблеми на домашен терен против Вардар Неготино, а Пролет предводен од кадетските репрезентативци Димитар Симовски со осум и Трајче Костов со шест гола го совладаа Еурофарм Пелистер.
До крајот на оваа година ќе се одиграат уште две кола, потоа во февруари уште четири, но веќе е јасно кои шест екипи ќе разигрувааат напролет за титулата, иако теоретски шанси имаат и Тиквеш и Еурофарм Пелистер да се вмешаат во битката за ТОП 6.
Младинци, 12. коло, резултати:
Мулти Есенс – Алкалоид 36-25
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 13-26
Куманово – Вардар Неготино 37-28
Пролет – Еурофарм Пелистер 29-23
Тиквеш – Бутел Скопје 33-36
Табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 22, 2. Мулти Есенс 22, 3. Пролет 16, 4. Алкалоид 14, 5. Куманово 14, 6. Бутел Скопје 12, 7. Тиквеш 8, 8. Еурофарм Пелистер 8, 9. Вардар 4, 10. Вардар Неготино 0


























